Македонија
26. July 2018 - 16:14

Ниту Димитров даде отчет, ниту пратениците ги добија класифицираните документи за името

Пратениците не ги дознаа деталите од лидерските за името кај Претседателот Иванов, Димитров не доби шанса да го даде својот отчет. И денеска комисијата за надворешна политика не успеа да ја одржи закажаната седница. Претседателот не дозволи да почне експозето на Димитров се додека пратениците не ги добијат клаисифицираните информации кои според него ќе фрлат ново светло врз работата на министерот.

Димитров и денеска го повтори вчерашниот став. Вели, работел јавно и нема што да крие од граѓаните.

За пратениците од Власта од е последен обид на опозицијата да го опструира Договорот со Грција

Милошоски вчера на Комисијата за надворешна политика ја праша власта, дали ги крие записниците од лидерската кај Иванов затоа што на неа било договорено да нема промена на Уставот.
Со став се јави и кабинетот на Џафери. Вели дека не крие ништо од пратениците туку дека постапува според законот.

„Претседателот на Комисијата за надворешна политика повеќе од 1 година нема безбедносен сертификат, иако од стручните служби во Собранието му било укажувано дека е истечена важноста на претходниот. Според ова, пратеникот и претседател на Комисијата, согласно Законот за класифицирани информации, кој е без неопходниот безбедносен сертификат, не можел да бара, поседува и да изнесува јавно документи кои имале назнака „строго доверливо“ – се вели во соопштението од Џафери.

Новото продолжение на седницата на Комисијата за надворешна политика е закажано за во понеделник наутро.