Македонија
13. November 2017 - 16:25

Ниту Антикорупциска, ниту Транспарентност Македонија немаат информации кои се двајцата актуелни функционери осомничени за корупција

Антикорупциска нема сознанија кои се двајцата функционери од новата влада против кои е покрената истрага за корупција.  

 – Немам коментар за случајот, изјави Игор Тантуровски , претседателот на Антикрупциска.

Од Транспаренси Интернешнл апелираат корупцските случаи кои нје се поткрепени со докаази да се користат за стекнување политички поени.

- Случаите да се истражат темелно пред да се презентираат во јавноста, стекнување политички поени е недопустливо, изјави Слаѓана Тасева од Транспарентност.

Неодамна премиерот Заев самиот објави дека е почната предистражна постапка за корупција за двајца високи функционери, кои стапиле на должност во август.

Ниту евроспката унија не е имуна на корупцијата , велат италијанските експерти. Таа може да се намали, но не и целосно да се елиминира. Таков пример е Италија, каде столбови  на борбата против корупцијата се полицијата и праводусните  власти.