Ниски температури од жолта фаза, полошкиот регион во портокалова фаза
Согласно со најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска за целата држава се предвидуваат ниски температури од алертна (жолта) фаза, освен во полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде се предвидуваат пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство.
Препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица над 60 години остануваат да важат само за регионот зафатен со портокалова фаза (полошки регион - Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод).
За работниците кои работат на отворено во полошкиот регион зафатен со портокалова фаза се препорачува да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа, по половина час во топла просторија, и со топли пијалаци.
Се препорачува без неопходна потреба да не се излегува од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напивки и да се избегнува консумација на алкохол. Воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини.
Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со ниски температури во државата и во зависност од временската прогноза, доколку има потреба, ќе бидат донесени и нови препораки, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа