Ниски температури од жолта фаза, полошкиот регион во портокалова фаза
Согласно со најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска за целата држава се предвидуваат ниски температури од алертна (жолта) фаза, освен во полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде се предвидуваат пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство.
Препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица над 60 години остануваат да важат само за регионот зафатен со портокалова фаза (полошки регион - Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод).
За работниците кои работат на отворено во полошкиот регион зафатен со портокалова фаза се препорачува да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа, по половина час во топла просторија, и со топли пијалаци.
Се препорачува без неопходна потреба да не се излегува од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напивки и да се избегнува консумација на алкохол. Воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини.
Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со ниски температури во државата и во зависност од временската прогноза, доколку има потреба, ќе бидат донесени и нови препораки, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Обожаваат секс на кружен тек: Овие тинејџери на скандалозен начин го слават крајот на школската година, а властите не знаат како да ги запрат/18+
-
Шок во музичкиот свет: Хит мејкерот Авичи пронајден мртов
-
Судењето на лажниот полицаец откри: Повеќе пати претресувал граѓанин и барал да му се соблече гол
-
Никој не знае како го преживеа ова: Ја фрли цигарата во дупка, а потоа одлета во воздух
-
Риалити ѕвездата одлучи да ги засени сестрите: Се сликаше гола и ги покажа адутите/18+
-
Кинеска работа: Оваа жена се сетила како да не плати казна за паркирање, ама камерите ја разоткрија
-
Уште едно пукање на Флорида: Ученик пукал во училиште па го ранил другарот
-
„Не смеам да се мрднам, за да не се разбуди“ - Емина Јаховиќ покажа со кого го дели креветот