Ниски температури од жолта фаза, полошкиот регион во портокалова фаза
Согласно со најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска за целата држава се предвидуваат ниски температури од алертна (жолта) фаза, освен во полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде се предвидуваат пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство.
Препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица над 60 години остануваат да важат само за регионот зафатен со портокалова фаза (полошки регион - Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод).
За работниците кои работат на отворено во полошкиот регион зафатен со портокалова фаза се препорачува да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа, по половина час во топла просторија, и со топли пијалаци.
Се препорачува без неопходна потреба да не се излегува од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напивки и да се избегнува консумација на алкохол. Воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини.
Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со ниски температури во државата и во зависност од временската прогноза, доколку има потреба, ќе бидат донесени и нови препораки, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
САД во кампања за декриминализација на хомосексуалноста во повеќе земји
-
Паника во Влае: Момче повикувало деца на прошетка со него низ населбата
-
Пике: Добро е што Реал нема ракометарски или хокеарски тим
-
Обезглавеното тело на Сузана Карера е пронајдено во торба со ужасна порака: Камерите ги снимија нејзините последни мигови
-
Застрашувачки сцени од Алпите: Скијач сними како панично бегаат од лавина, камера го сними моментот кога ги затрупа снегот
-
Снимки од Зоолошка градина го шокираа светот: За 17 евра посетителите се борат со дивите ѕверки, а газдата има бизарно објаснување за тоа
-
Реал не се откажува од „новиот Роналдо“
-
Сити планира 150 милиони фунти за трансфери