Џет-Сет
23. July 2017 - 11:35

Ништо од свадбените ѕвона: Пукна тиквата меѓу Аца Лукас и новата девојка

Иако српските медиуми на големо пишуваа за свадбени ѕвона, Аца Лукас по разводот со сопругата Соња, раскина и со новата девојка Бранислава, за која велеше дека со неа сака да го помине животот.

Доказ дека парот не е заедно е тоа што атрактивната бринета и пејачот ги имаат тргнато сите заеднички фотографии од профилот. 

Засега не е познато зошто е прекината врската за која Аца зборуваше со толку љубов.