Нишани: Потребно е поголемо ангажирање на ЕУ против екстремизмот во регионот
Последните случувања во регионот потврдуваат дека постојат естремистички и националистички кругови кои посакуваат да го вратат регионот назад во темните години на конфликти и поради тоа потребна е поголема улога на ЕУ.
Ова го изјавил албанскиот претседател Бујар Нишани, на средба со заменик шефот на италијаската дипломатија,Винченцо Амендола.
-Последните случувања во регионот потврдуваат дека се уште постојат кругови со екстремистички и националистички дух,кои посакуваат да го вратат регионот назад во темните години на конфликти. За да се обесхрабрат овие гласови и кругови,каде и да се наоѓаат,посакувана и добредојдена е улогата и поголемото ангажирање на Италија и ЕУ,-рекол Нишани.
На средбата било разговарано и околу успешната соработка помеѓу институциите и агенциите за спроведувањето на законот, во борбата против тероризмот и недозволената трговија,како и за справувањето со напливот на мигранти кои ја ползуваат морската шир меѓу двете земји.
Заменик италијаскиот министер за надвроешни работи, Амендола, престојува во Тирана во рамки на подготовките на идниот самит на западен Балкан,што ќе се одржи во Рим,како продолжение на процесот од Берлин.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок