Балкан
2. May 2017 - 12:48

Нишани нема да гласа,доколку опозиција не учествува на изборите

Шефот на албанската држава,во заминување, Бујар Нишани,изјави дека доколку на престојните парламентарни избори не учествува и опозицијата,тој нема да излезе да гласа. 

- Јас пред да бидам претседетел на Република Албанја,пред се сум нејзин граѓанин. Како граѓанин имам свои  начела,убедувања,предрасуди и едно од главните начела е она поврзано со слободите. Во еден политички систем од витален интерес се изборите,слободата. Во овој миг кога  јас немам алтернатива за избор,не може да бидам дел од процесот на гласање, изјави Нишани за албанската државна телевизија.

Според него, без учество на опозицијата и албанските граѓани нема да имаат алтернатива за избор на институците кои ќе произлезат од нив и се нелегитимни.

- Доколку има избори само со актуелното мнозинство,без учество и на опозицијата,институциите кои ќе произлезат од тие избори немаат уставна легитимност, оцени Нишани.

Во врска со обвинувањата на актуелниот премиер Еди Рама дека бил „едностран претседател“ Нишани одговара дека тоа била и ќе остане реторика на Рама.

Според него, Рама константно го обвинувал за тоа, но „кога ќе дојде до соочување со политичката јавност, секој кој ќе каже некое обвинување треба тоа да го поткрепи со факти“.

- Доколку дадат само еден единствен факт или посочат еден случај кога како претседател сум и служел на опозицијата,барам јавно извинување,- рече Нишани.

Парламентарните избори закажани се за 18 јуни.Законскиот рок за пријавување измина на 19 април. Потоа Централната изборна комисија го продолжи до 29 април а сега опозицијата има рок да се пријави до утре, трети мај.