Балкан
5. March 2017 - 18:09

Нишани ќе проверува дали Албанците имаат доволно права во Србија

Албанскиот претседател Бујан Нишани на 7 март ќе ги посети албанците кои живеат во Јужна Србија. Сака лично  да провери дали  и колку се почитуваат нивните права. Посетата е важна. Дојде времето проблемите на Албанците од Прешевската долина да се најдат во прв план и за државата Албанија изјави  претседателот на националниот совет  на албанците во Србија  и претседател на  собранието на општина  Бујановац  , Јонуз Муслиу.  

- Тој доаѓа да ги посети Албанците, за кои, согласно албанскиот Устав треба да се грижи.  Нишани е запознат со се, но сака и сам да ја испита ситуацијата: дали се почитуваат нашите симболи, како и од што учат нашите деца, има ли слобода на движење и дали се почитуваат сите наши права - рече Муслиу за   новинската  агенција  Бета

Муслиу порача  дека со албанскиот претседател ќе  се разговара  и за Заедница на албанските општини на југот од  Србија. Според анегдата, Нишани ќе има заеднички состанок со сите политички лидери на албанците од прешевската долина, но нема да се сретне  со претставници на официјален Белград.  Од високи претставници на Албанија, општините на југот  од Србија во кои живее мнозинство албанско население до сега ги  има посетено алабнскиот премиер Еди Рама во ноември 2014 година.