Балкан
12. May 2016 - 8:38

Нишани: Хрватска ќе го пренесе гласот на регионот во ЕУ

По покана на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, албанскиот претседател Бујар Нишани се наоѓа во дводневна официјална посета на Хрватска.

Вчера попладне тој се сретнал со неговата колешка Китаровиќ,како и со премиерот Тихомор Орешковиќ.

На двете средби, според тиранската телевизија Топ-чанел, станало збор за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

- Хрватска ја сметаме за земја која може да ја пренесе душата, гласот и проблематиката на регионот во Европската унија, изјави Нишани, кој со своите соговорници неодминливо разговарал и за мигранската криза.

Претседателите Китаровиќ и Нишани се заложиле за европско решение на прашањето за миграните, гарантирајќи придонес на секоја од земјите во тоа решение.

Двајцата претседатели присуствувале и на хрватско-албанскиот бизнис форум кој треба да придонесе во унапредувањето на економската сорабтка на двете земји.