Нинџа: Бевме искористени од УБК и ВМРО-ДПМНЕ
Сите бевме искористени и изманипулирани од УБК и од дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Никој не ја знаеше режијата, сите бевме статисти, истакна денеска пред судот Александар Василевски – Нинџа, обвинет за настаните во Собранието на 27 април минатата година.
Додаде дека вистинските водачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ биле Спиро Ристовски и Кирил Божиновски и оти програмата за секоја нивна активност била пишувана во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Оперативните податоци, како што рече Нинџа, кажуваат дека организаторите на „За заедничка Македонија“ биле исплаќани од ВМРО-ДПМНЕ.
– Јас само ги видов во партијата со Кирил Божиновски, но не можев да ги видам нивните џепови. Тогаш не знаев, а сега гледам дека сите тука присутни се искористени и изманипулирани од УБК и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, рече Нинџа.
Никој од нас, додаде, не сакаше да се случи она што се случи на 27 април.
Нинџа сведочеше дека тој не го видел Сашо Марковски како со хируршки ракавици ги вади хард дисковите, а оти по 27 април му било кажано дека Марковски влегол во Собрание за да го следи Горан Живаљевиќ.
Рече дека Марковски му бил обезбедување на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, кој пак бил дел од патриотското здружение „Тодор Александров“.
Во моментот во Кривичниот суд е дадена пауза до 15.15 часот.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци