Македонија
31. August 2019 - 19:17

Нина Ангеловска министер за финансии, Хисен Џемаили министер без ресор задолжен за домашни инвестиции

Пратениците од власта не сакаат веќе да слушаат критики за аферата рекет. И покрај тоа, оваа тема и денеска доминираше во расправата во вториот ден од собраниската седница по која Нина Ангеловска станува нов министер за финансии а Хисен Џемаили добива министерство без ресор.

За опозицијата буџетот е во катастрофална состојба. Странските инвестиции се под проекциите а задолжувањето расте со забрзано темпо. Обвинија за лоша наплата на даноците и слаба реализација на капиталните инвестиции
Премиерот се бранеше. Пари има, буџетот е во одлична состојба

Новиот министер за финансии, Нина Ангеловска доаѓа од бизнис секторот. Зад себе има успешен онлајн бизнис и импресивна биографија. Џемаили е дел од структурите на ДУИ. Поранешниот пратеник беше обвинет во т.н. хашки предмети за изживувањето врз мавровските работници.