Македонија
2. July 2017 - 16:16

Нимиц во Скопје: Денеска на средба со Иванов, утре со Заев и Димитров

Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц пристигна во Македонија и според најавите, во нашата земја ќе остане до вторник.

Од канцеларијата на медијаторот соопштија дека тој доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада со цел да се дискутира за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.

Прв на агендата на Нимиц ќе биде претседатлот Ѓорѓе Иванов, а средбата е најавена за денеска во попладневните часови.

Во текот на утрешниот ден, специјалниот претставник на ОН треба да се сретне со Премиерот Зоран Заев и со Министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Веднаш по посетата на Скопје, на покана на грчката Влада, Нимиц ќе замине за Атина.

Инаку, шефот на македонската дипломатија во неговотo денешно интервју за телевизијата Н1, посочува дека Грците сеуште не се спремни да дадат зелено светло за нашето членство во НАТО.

Одговорија дека не се спремни да дадат зелено светло за нашето членство спрема одредбите на референтната рамка на ОН, но мојот одговор беше дека нема да престанеме да се обидуваме да ги убедиме на пристоен начин и со позитивни пораки. Разговаравме за мерките за градење доверба. Додадовме повеќе „месо’“на тој костур, а на крајот на август министерот Коцијас ќе дојде во возвратна посета.

Медијаторот Метју Нимиц последен пат беше во посета на Македонија и Грција кон крајот на јули 2014 година.