Македонија
12. јуни 2018 - 23:34

Нимиц, Столтенберг, Могерини и Туск го поздравија договорот

Медијаторот Метју Нимиц го поздрави заедничко прифатено решение што го постигнаа премиерите на Македонија и Грција. Нимиц изрази чест што посредувал меѓу двете земји .Тој им благодари на двајцата министри за надворешни работи кои демонстрирале лидерство, визија и решеност во преговарачкиот процес и не се откажале од напорите да се најде заеднички корисно решение з анивните нации и за целиот регион.

- Би сакал да им честитам за успешното завршување на преговорите за разликите кои постоеја мегу нив. Не се сомневам дека договорот ке доведе до зајакнување на односите мегу двете соседни земји, а особено мегу нивните грагани. Во тој контекст охрабрен сум од решеноста на двете влади да придонесат за добробит на нивните грагани преку воспоставување стратегиско партерство како база за интензивна соработка во сите области.

Честитки испрати и генералниот секретар на НАТО кој повика на финализирање на постигнатиот договор.

 - Топло го поздравувам договорот помеѓу премиерот Ципрас и премиерот Заев за решение за спорот за името. Овој историски договор сведочи за многугодишна трпелива дипломатија и волја на двајцата лидери да решат спор кој предолго го засега целиот регион. Сега ги повикувам двете страни да го финализираат договорот постигнат од страна на лидерите. Ова ќе го стави Скопје на патот на членство во НАТО и ќе помогне да се консолидира мирот и стабилноста на целиот Западен Балкан, изјави Јенс Столтенберг

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск изрази благодарност до двајцата премиери, што невозможното го направиле возможно.  Во заедничка пишана изјава Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ и комесарот Хан порачаа дека успехот им припаѓа на двете земји нивните екипи но пред се на граѓаните на двете земји и на Европа.

- Заедно мораме да ја искористиме приликата што широко се отвори за да ги придружиме и консолидираме ветровите на мирот и соработката во регионот. Перспектива на ЕУ за Балканот, потврдена неодамна на софискиот самит, останува најсилната стабилизирачка сила за регионот и ние имаме интерес и одговорност да го искористиме тоа добро. Тоа беше клучен поттик за овој договор, во духот на добрососедските односи и соседската соработка. Чекаме сега Советот да ги потврди заклучоците од извештајот за напредок од 17 април.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл пак порача дека сега е клучно договорот да биде поддржан од широко мнозинство на политичките партии и населението од двете држави.

- Со договор за името, вратата е отворена сега за Македонија (Република Северна Македонија) да добие полноправно членство за ЕУ и НАТО. Членките на ЕУ и НАТО треба да го поздрават договорот како шанса за продолжување на процесот на проширување кон сите земји од Југоисточна Европа.

Честитки за постигнатиот договор и поддршка за Македонија да ги отпочне преговорите со ЕУ испратија и дел од партиите во европскиот парламент .