Македонија
17. јуни 2018 - 11:09

Нимиц: Решение за овој проблем бараше мудро лидерство и стратешка визија и овие лидери тоа го покажаа

Медијаторот на ОН во решавање на спорот со иметоМетју Нимиц рече дека „нема подобар подарок“ за неговиот роденден со денешното потпишуавње на Договорот со кој конечно се стави крај на повеќедеценскиот спор.

Нимиц и упати честитики до премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и до министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.

- Да се најде решение за овој проблем бара мудро лидерство и стратешка визија и овие лидери покажаа дека ги поседуваат тие важни квалитети. Не можете често да пронајдете  истовремено и мудрост политичка визија и дипломатски вештини, а сите три квалитети беа присутни и кај  овие четворица лидери кои напорно работеа. Тоа е реткост, посочи Нимиц.

Тој додаде дека верува оти Договорот е во стратешки интерес на двете земји.

- Ми беше задоволство   што бев медијатор и што сега можам да бидат сведок на потпишувањето на овој договор. Ми беше задоволство да соработувам со овие двајца министри, но и со сите претходно на овој долг и тежок процес разрешувајќи го овој проблем што долг  период резултираше со една спогодба која е правична, чесна и спроведлива, тоа ќе биде успех не само за односите меѓу двете земји туку ќе служи и како приемр за регинот, дека два соседа ,можат да решат проблем ако се заложат за истиот, изјави Нимиц на церемонијата на потпишувањето.