Нимиц: Има позитивен моментум во Скопје и Атина
Медијаторот на Обединетите нации во преговорите за името меѓу Република Македонија и Република Грција, Метју Нимиц во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ вели дека нема нов предлог за името и дека на новата средба, закажана за 17 јануари во Њујорк ќе излезе со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото.
Постои позитивен моментум во Скопје, вели Нимиц, додавајќи дека новата Влада во Скопје е многу заинтересирана да го реши ова прашање, јави дописникот на МИА од Атина.
– Мислам дека и грчката Влада исто така препознава дека ова е добар приод и добар чекор за грчката надворешна политика во регионот, да најде решение, за долгогодишното прашање. Од овие причини постои позитивен моментум меѓу двете земји. Мислам дека граѓаните во двете земји можеби се подготвени да слушнат одредени солуции, што се од нивни заеднички национален интерес, но исто така дека има одреден компромис тоа да се реши, рече Нимиц.
Тој исто така забележува дека во регионот постои загриженост околу одредени прашања, како што се бегалците, терориризмот или нестабилноста и дека со водство на меѓународната заедница овие прашања треба да бидат решени.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња