Нимиц честиташе за изгласувањето на уставните измени
Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за спорот за имнето меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, објави соопштение по вчерашното усвојување уставни измени од Парламентот во Скопје во кое ги поздравува потезите за имплементација на Договорот од Преспа.
– Би сакал да им честитам на Парламентот и на граѓаните на земјата за ова остварување и за демократскиот начин, на кој овој важен процес беше преземен. Овој историски договор помеѓу два соседа ја отвора вратата за нови односи меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот. Како и во минатото, Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете страни за конечно решавање на разликата меѓу нив, с евели во пораката на Нимиц.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор