Свет
23. October 2017 - 21:07

Никос Анастасиадис се сретна со Дмитриј Медведев

Кипарскиотт претседател Никос Анастасиадис, денеска се сретна со рускиот премиер Дмитриј Медведев при што изрази благодарност на руската страна за поддршката во напорите за решавање на кипарското прашање.

На почетокот од разговорите Анастасиадис обрна внимание на историските врски меѓу двете земји, както и на „постојаната поддршка“ која Русија ја дава во напорите за решавање на кипарското прашање, кое, како што рече, „за жал се уште постои“.

Анастасиадис пристигна во Русија на работна посета по покана на рускиот претседател Владимир Путин со кого ќе се сретне утре.