Николовски: Водиме со два мандата, коалицијата „Можеме“ е победник
По обработка на околку 75 отсто од податоците СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овој кристално чист изборен ден во нашата земја е победник и продолжуваме уште повеќе и уште подобро, рече денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Според податоците на Централниот изборен штаб, коалицијата „Можеме“, рече Николовски, бележи растечки тренд и во моментов води со два мандата.
– Ја имам таа чест како шеф на Централниот изборен штаб да прогласам победа на мојата СДСМ и на оваа најголема коалиција, рече Николовски и додаде дека по цели 18 години прогласуваат победа на парламентарните избори со сигурно водство во ИЕ 1 од еден со можност за зголемување на бројот на пратениците, со изедначена битка со сигурни десет во третата изборна единица и со водство во ИЕ 6, рече Николовски, додавајќи дека очекуваат дополнителни резултати што се обработуваат.
Николовски додаде дека имаат сигурна победа во Битола со над илјада гласа, во Куманово со над 3.500 гласа, во Центар над 4.100 гласа, во Крива Паланка со над 2.500 гласа, во Ресен со над илјада гласа. Тој прогласи победа и во Крушево, Дебар, Долнени, Лозово, Прилеп, Берово, Делчево, Кочани…
– Граѓаните избраа сигурност и го казнија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сакаше да донесе опасност. Се потврдија политиките што ги водевме овие три години, се потврди поддршката на храбрите одлуки што ги носеше Зоран Заев, Владата и коалицијата, но се потврди и нашиот сериозен пристап, тогаш кога на граѓаните им беше најтешко и сега кога се соочуваме со оваа корона криза бидејќи покажавме одговорност, наспроти неодговорноста и деструкитивноста на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, рече Николовски и се заблагодари на граѓаните за поддршката на европскиот концепт што го понудиле.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?