Македонија
23. October 2018 - 0:19

Николовски: ВМРО- ДПМНЕ одржа историска седница – го исчисти лошото го избистри доброто

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа историска седница. Имаме силен механизам во партијата кој успеа да го прочисти тоа што е лошо. Од денес ВМРО-ДПМНЕ завршува со хипотеките од минатото, доживува катарза и продолжува реформирано, рече Александар Николоски.

Тој кажа дека претседателот Мицкоски предложил да се одржи вонреден конгрес за гласање на доверба за него, но тоа било едногласно одбиено.

– Заради дејства спротивни на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија, силна соработка со Заев и организирање поткуп за пратениците да гласаат за уставните измени разрешени се Митко Јанчев и Костадин Богданов, рече Николоски и додаде оти поради истите причини побарале од општинските комитети да ги исклучат и Сашо Мијалков и Никола Тодоров.

Николоски побара оставка од осумте пратеници кои влегоа во Собранието преку коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и честиташе, за како што рече, новата криминална коалиција на власт – Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков.

На новинарско прашање Николоски рече дека исклучување ќе следи и за останатите пратеници кои би гласале за уставните измени во идните наврати во Собранието.