Николовски: Случаите со Рашковски и Мијалков покажуваат дека нема недопирливи
Треба да се знае кој за што е одговорен, не можам да коментирам дали некој е невин или да навлагам во судски постапки, одговори денеска заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски прашан за одлуката на обвинителството дека нема одговорност за Сашо Мијалков дека не бил дома кога требало да му се достави решение за куќен притвор и за одлуката за Драги Рашковски да се брани од слобода.
-Системски го променуваме работите за кои одговорност треба да има за секој. Ако пред некоја година институциите биле затворени за јавноста и медиумите, денеска институциите се отворени, ова е доказ дека само со отвореност и достапност до информацииите може општеството да напредува и може да има правда за секој, да не може да се сокриваат предмети и случаи, да не стојат истрагите и да влијае човечкиот фактор или политиката. Мислам дека конечно ги ослободивме институциите, а судството и обвинителството треба да си продолжат да си ја вршат својата работа и да бараат одговорност во случаите, нагласи Николовски.
Во однос на мерките за обезбедување на присутност на обвинетите, вицепремиерот за борба против корупцијата рече дека тие коментари треба да се добијат од оние кои се надлежни, односно обвинителството и судството.
-Наше е да обезбедиме отвореност и транспарентност, да нема недопирливи. Овие случаи со Сашо Мијалков и Драги Рашковски и сите останати, денес потврдуваат дека нема недопирливи, дециден е Николовски.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња