-->
-->
Николовски: Следната година развој на земјоделството со 17 милиони евра
-->
Министерот за земјоделие Љупчо Николовски денеска пред беровските земјоделци и сточари најави најави сет мерки кои според него ќе влијаат на подобрување на положбата на земјоделците и сточарите во 2019 година. Како што истакна Николовски, во Министерството во тек е програмирањето на буџетот кој за наредната година изнесува 17 милиони евра што покажува дека земјоделството е сектор со континуиран раст на средствата.
– Во делот на законот на земјоделско земјиште очекуваме предлози од сите подрачни единици за кои општини, каде има интерес. Во тој во однос на јавниот повик за неатрактивни површини, од четврта, петта, шеста и седма класа.Верувам дека тоа ќе биде од огромен интерес за сточарите, рече Николовски.
Тој додаде дека заврши постапката за дополнителната мерка за пристапни патишта за која имало огромен интерес од општините.
– Оваа година првпат промовиравме мерка за пристапни патишта каде во висина од 30 милиони денари дополнителна мерка од Министерството имаат од агеницијата. Имаше голем интерес за пристапни патишта од страна на општините и од страна на регионалните центри за развој кои што може да аплицираат, голем број на проекти стигнаа и сега во наредниот период следува склучувањето договори, рече Николовски.
Како што информираше министерот за земјоделство, успешно заврши и проектот за дигитализирање на пасиштата.
– Проектот за ортофото снимање во државата е завршен, при што се дигитализирани 450 илјади хектари пасишта. Ова е нова информација и ова првпат се спроведува од страна на министерството. Особено за нас се значајни пасиштата затоа што со самото влегување во Европската унија државата ќе добива пакет средства во однос на тоа колку површина има. Затоа брзавме за таа постапка, информира Николовски.
Пред беровските земјоделци и сточари беше презентирана и мерката со која во 2019 година од Министерството за земјоделство ќе бидат одвоени околу 690.000 евра кои ќе бидат наменети за колектори и агрегати за обзебедување електрична енергија за трла со овци
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок