Николовски: Системите за наводнување со години запоставувани
Системите за наводнување со години биле запоставени и затоа има и намалување на земјоделското производство и намалување на квалитетот. Оваа година ќе исплатиме 12 милиони евра за водоснабдувањето, а следува и сеопфатна реорганизација, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
- Не знам како може да бидат до толку запоставени системите за наводнување и воопшто државата да не инвестира, да не ги реконструира и не се насочи кон изградба на нови системи. Она што ние го потенциравме и што го ветивме пред граѓаните и е дел од нашата владина програма, е дека десет милиони евра годишно ќе даваме за системите за наводнување. Оваа година, само преку Програмата за рурален развој, ќе исплатиме 12 милиони евра кои се наменети за делот за водоснабдувањето, навеудва Николовски.
Започнуваме, дополнува, крупна реформа за реорганизација и трансформација на А.Д Водостопанство и се трудевме во оваа година да ги санираме сите проблеми кои ги имаме на терен. Имавме блокади, опструкции, нефункционални системи токму во екот на земјоделското производство. Тоа доведе до намалување на производството и намален квалитет на производството, посочува министерот.
Како што појаснува, пред два дена е претставена аналзиата која на почетокот на мандатот ја побарале од Делегацијата на Европската унија за влијанието на субвенциите на целокупниот развој, која ги покажала слабостите.
Анализата ќе биде предмет на опсежна работа во рамки на Министерството и институциите и покажува дека всушност нашиот систем не е компатибилен со политиките за земјоделство на ЕУ, потенцира министерот за земјоделство
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот