Македонија
7. October 2020 - 16:41

Николовски: Се зголемуваат ингеренциите на инспекциските служби

Кафулето Мош денеска доби решение за затворање поради прекршување на здравствени протоколи за заштита од корона вирусот. Објектот кој викендов оганизираше концерт на Владо Ѓорѓиев без почитување на дистанца и обврската за носење на маски, сега има рок од 48 часа да стави пломба во наредниот еден месец.

Токму ваквите прекршувања на здравствените протоколи од страна на одредени објекти ја наметна потребата за зголемување на ингеренциите на инспекциските служби. Се зголемуваат глобите за прекршување на здравствените протокли, а освен државниот здравствен инспекторат, решенија за забрана за работа ќе може да изрекуваат и пазарниот, трудовиот и инспекторатот за транспорт.

Предлог законот кој вчера го утврди Владата е испратен до Собранието. Инспекциските служби ќе добијат зголемени ингеренции откако ќе законот ќе добие поддршка од народните избраници.