Николовски се сретна со претставници на германската банка КfW
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари прва средба со делегација од регионалната канцеларија на германската кредитна банка за инвестиции (КfW), предводена од директорката Естер Гравенкотер, соопшти ресорното Министерство.
На средбата директорката Гравенкотер информираше за активностите на банката во Македонија со посебен акцент на Проектот Јужновардарска долина-втора фаза.
За подобрување, забрзување и за реализација на Програмата, беа договорени неколку чекори, почнувајќи од побрз пренос на инфраструктурата, односно на системите за наводнување од АД Водостопанство на РМ на новоформираните земоделски задруги. Беше договорено и интензивирање на градежните активности на системите за наводнување во валандовскиот регион со цел побрзо ставање на сиситемите за наводнување за редовно обезбедување на квалитетна вода за наводнување и намалување на влијанието на климатските промени.
Министерот Николовски истакна дека во следниот период ќе направиме напори за непречена реализација на Проектот кој што е од исклучителна важност за земјоделците од овој регион и ќе можат да наводнуваат над 2 000 хектари земјоделско земјиште, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ново на Сител
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав