Бизнис
27. September 2018 - 19:51

Николовски: Се работи за мерки кои ќе помогнат за откуп на целата количина на индустриско јаболко

Придобивките од членството во ЕУ и НАТО, а особено искоритеноста на европските фондови се од исклучителнаа важност за модернизирање на овоштарството и на преработувачките капацитети во овој сектор, порача на денешните трибини со земјоделци во Ресен и во селото Царев Двор, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. 

При тоа тој потенцираше дека помошта за земјоделците ќе расте со отпочувањето на преговори со Европската Унија. Европските фондови ќе го зајакнат земјоделието, ќе донесат нови вработувања преку нови бизниси  простеритет и развој на руралните средини онаму каде сакаме да се задржат земјоделците.

„40 отсто од буџетот на ЕУ оди за земјоделството единствен сектор директно финансиран од ЕУ. Меѓу 270 и 300 милиони евра Македонија ќе добие како субвенции од ЕУ, со нашето членство,  дополнително средствата  од националниот буџет. Многу програми ни се отвораат за рурален развој со влезот во ЕУ и НАТО. Со ИПАРД 2 програмата од ЕУ добивме 60 милиони евра, а само за првиот јавен повик се склучени рекордни 919 договори од кои над 140 договори се само во Ресен. Претходно за 12 години вредноста на искористеност од ИПАРД 1 била околу 16 милиони евра, сега само со еден повик од ИПАРД вкупната вредност е 15,8 милиони евра“, изјави Николовски. 

Тој потенцираше дека Владата континуирано презема мерки за развој на овоштарството како клучен сектор во земјоделството. Со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година ги зголемивме за 10 отсто субвенциите за одржување на овошни насади. Годинава за 20 отсто ги зголемивме овие субвенции за земјоделците со равоен потенцијал. Преку Програмата за рурален развој ќе ги поддржиме и преработувачките капацитети, да има поголем простор за откуп на призводите и извоз од државата.Со членството во НАТО и ЕУ ни се отвораат вратите на пазар од 500 милиони поторошувачи, повеќе финансиски средства преку европските фондови, а тоа се нови пари во земјоделството, што е основа на нашата економија.

На трибините во ресенско, Николовски на земјоделците им ги презентираше сегашните и идните мерки што ќе ги преземе МЗШВ за развој на земјоделството, вклучително и на овоштарството. Николовски порача дека 30 –ти септември е важен датум за сите граѓани на државата, за земјоделците. Недела е ден кога кога треба да донесеме историска одлука која трајно ќе влијае врз иднината на сите нас, порача Николовски.