Николовски: Се прават максимални напори за извоз на праските во други земји
Владата работи на тоа да нема штети од забраната за увоз на македонски праски во Руската федерација и да се врати состојбата во нормала, истакна денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарски прашања по порибувањето на акумулацијата Глобочица.
Повтори дека земјава не добила официјално известување за времената мерка и дека се во тек засилените инспекциски контроли на пунктовите.
Според Николовски, претставници на компании од Англија и Косово се веќе во Росоман за да проценат дали може да откупат одредени количини од трите камиони што ги врати Рсуија.
- Посветени сме на извоз до последниот килограм праски или кое било друго овошје, да биде обезбеден пласман на други пазари. Го менаџиравме тоа цела недела и денеска претставници на компании од Англија и Косово се во Росоман. Менаџиравме да може да се извезе она што е веќе подготвено, подвлече министерот.
Соопшти и дека иницирал средба со рускиот амбасадор во Македонија.
- Како копретседател на меѓувладината комисија контактирав со другата страна, но новата Влада во Русија нема назначено копретседавачи. Цела година ги негувавме партнерските односи и во делот на земјоделството, со мојата посета на Русија правевме се да ги нормализираме активностите, бидејќи последните пет години немало никакви владини комуникации, објасни министерот Николовски.
Ново на Сител
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019