Македонија
6. March 2021 - 13:10

Николовски: СДСМ е пример за модерна, европска партија, носиме нови политики за уште поголема демократизација на општеството

Драго ми е што денеска заедно со Наташа, градоначалничката на општина Битола и нашиот претседател на Општинска Организација на СДСМ, сме во посета на Битола. Да обиколиме повеќе значајни проекти којшто се финансирани од Општината, од Владата, од различни програми, се од интерес на луѓето и граѓаните. Да покажеме дека сме со граѓаните во континуитет постојано, дека ги следиме и проектите којшто се битни за развојот на општина Битола но и дека сме во комуникација со граѓаните се со цел да ги детектираме проблемите и да се наоѓаат решенија.

Ќе разговараме во текот на денот понатаму  во делот на нашата агенда. Целото раководство на партијата е постојано и секојдневно на терен и покажуваме дека му служиме на народот и на граѓаните што е наша клучна, приоритетна и единствена обврска преку работата и преку институциите којшто ги водиме и позиците којшто ги имаме.

Навистина секој еден функционер треба да е сервис на граѓаните и затоа продолжуваме со нашата агенда на, посети и средби низ целата наша татковина.

Но, она што исто така е значајно заокружуваме еден битен и значаен процес за што денеска повторно во Битола ќе се сретнеме и во Општинската Организација и ќе разговараме а тоа, е реевиденцијата односно ажурирањето на целокупното членство на партијата. Минатата сабота од Струмица соопштив дека завршивме со оваа наша постапка, ги посетивме и разговаравме со сите наши членови. Денеска во Битола ми е драго и чест да кажам дека овде во Битола е најголемото Социјалдемократско семејство. Очекувам над 6.000 членови на партијата којшто ќе бидат ажурирани, којшто го потврдуваат своето членство, застануваат зад политиките зад програмата и зад ваков модерен и развиен СДСМ.

Продолжуваме во наредниот период де се менуваме. Ја праќаме пораката дека СДСМ и победува но и се менува.

На 10 март ќе го одржиме нашиот следен состанок на Центарлниот Одбор по што ќе започне и постапката за евидентирање на предлози и кандидати за членови во највисоките органи на партијата.

 На 21 март ќе ги имаме првите непосредни внатрепартиски избори. Тоа е врв на демократијата во една политичка партија, изборот на претседател да биде од страна на секој член којшто има право да гласа.

Во Битола ќе имаме повеќе избирачки места и над 5.000 членови на партијата којшто веќе се регистрирани да гласаат. До денеска 5.222 членови на СДСМ во Битола пријавиле учество на непосредните избори на 21 март и како што кажав ќе следи постапка за кандидирање на најквалитетните, најспособните, најкапацитетните кадри за членови на Централниот, на Извршниот Одбор на партијата, на Надзорниот Одбор.

И секако дека започнуваат и нашите подготовки за локланите избори.

СДСМ ваков модерен, отворен, дигитализиран , близок до граѓаните е фаворит на изборите и на централно ниво, но СДСМ е сериозен и убедлив фаворит за победа и во општина Битола којашто е исклучително битна, значајна и верувам дека со сите алатки, со целиот сервис, со целото служење кон граѓаните од секој од нас навистина овде во Битола  во октомври ќе имаме победа и нов мандат и продолжување на одговорноста да се грижиме за интересите на граѓаните.

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ