Бизнис
6. July 2017 - 12:25

Николовски: Македонија три години не плаќала членарина во ФАО

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера платило 35.000 евра членарина во ФАО, сума која Македонија ја должела три години и поради што со допис била информирана дека ако не ја подмири, ќе биде исклучена од организацијата и без право на глас.

Како што соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски, долгот бил 44.000 евра и 102.000 долари.
 
- За да не го изгубиме правото на глас, вчера плативме 35.000 евра. Претходно, ФАО испрати допис до Министерството за надворешни работи со барање долгот да се плати, но и не предупреди за последиците ако тоа не го сториме, рече Николовски.
 
За ваквото, нагласи, неодговорно однесување, ќе има одговорност.