Македонија
24. November 2016 - 21:03

Николовски: Ќе направиме се младите луѓе да останат во Македонија

Носителот на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3, Љупчо Николовски при посетата на селото Митрашинци ја обвини владејачката партија дека придонела 626 илјади млади луѓе ја напуштат Македонија.

- Затоа го испишавме планот за живот во Македонија со кој се предвидува младите луѓе да останат во државава. Затоа ќе ја воведеме младинската гаранција која значи во рок од четири месеци по завршување на школувањето секој млад човек да добие понуда за вработување, понуда за тренинг, понуда да го продолжи своето школување, рече Николовски.

Најави четири пати зголемување на износот на средства преку кои ќе се креираат работни места преку активни мерки за вработување. - За секој млад човек што ќе има добра бизнис идеја ќе определиме по 10.000 евра неповратни средства за ја реализира својата идеја и да остане овде, во Македонија, истакна Николовски.

Секој млад човек, како што рече, ќе може да основа компанија со само едно евро основачки влог и ќе овозможат 15.000 евра кредити со само еден процент камата. - За домашните фирми, за домашните средни и мали претпријатија испланиравме 140 милиони евра како директна финасиска поддршка за креирање на добро платени работни места од страна на домашните компании, додаде тој.

-  Планот за живот во Македонија ги испишавме со сите граѓани, токму за да го спречиме иселувањето од источна Македонија и од цела Македонија. Да направиме се младите луѓе да останат во Македонија, рече Николовски.