Македонија
30. May 2019 - 11:34

Николовски: Едно е сигурно, повеќе нема да бидам министер за земјоделство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе се повлече од својата државна функција за да ја преземе партиската, односно Генерален секретар на СДСМ. Засега не се знае кој ќе биде следниот министер Николовски нема дадено предлог за негова замена, но посочи оти во следниот период ќе разговара со премиерот Заев за неговиот наследник. Во однос на извештајот на Европската комисија рече дека тој генерално е позитивен во однос на земјоделието. Во однос на забелешките за слабата искористеност на парите од Платежната агенција вели дека сите 8,7 милиони евра кои се предвидени ќе бидат искористени до крајот на годината.

Даниел Василев