Македонија
23. September 2021 - 19:40

Николовски: Драфт-верзијата за Законот за потекло на имот денеска е затворена

Вицепремиерот Љупчо Николовски ексклузивно во своето гостување во Тема на денот на Сител соопшти дека драфт-верзијата за Законот за потекло на имот денеска е затворена.

- Ексклузивно можам да кажам дека драфт-верзијата е затворена и се решени сите прашања. Ова се информации кои доаѓаат од работната група под водство на Советот на Европа. Сега ќе се разгледува законот од страна на експертите на Советот на Европа, меѓутоа сите кои се внатре, судии, обвинители, чинители, експерти од нашата земја ги имаат решено сите прашања и сега законот по разгледување од страна на експертите на Советот на Европа ќе го отвориме за јавноста и тоа верувам дека ќе биде многу скоро, соопшти Николовски во гостувањето во Тема на денот на Сител. 

Вицепремиерот Николовски додава дека ова е закон кој ќе се однесува за сите граѓани.

-  Со овој закон ги елиминираме слабостите на кривичната постапка каде имаме луѓе кои велат: „Ќе си лежам во затвор па ќе излезам и имотот ќе ми остане“ - па сега со овој закон имотот не му останува, туку конфискацијата на имотот ќе се врши во граѓанска брза постапка, вели Николовски.

Николовски вели дека истрагите ќе ги води специјализирано одделение во рамки на финансиската полиција.