Македонија
10. November 2016 - 15:00

Николовски бара мерка за интервентен откуп на оризот

Владата да донесе мерка за интервентен откуп и полесен извоз на оризот, побара денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Николовски, кој беше во посета на кочанскиот регион, обвини дека власта не се грижи за земјоделците и нивните проблеми. 

- Наместо да ги поттикне и стимулира, власта дополнително ги стопира откупот и извозот, истакна дополнителниот замeник-министер.

Според него, службите земаат мостри под изговор за утврдување остатоци од пестициди и со тоа дополнително ја комплицираaт постапката за издавање фитосанитерен сертификат.

- Ова се случува во време кога ланската реколта се уште не е откупена и стои во амбарите и складовите на производителите, а жетвата на годинашната реколта е во голем замав. Притоа предизвикува директна штета на оризопроизводителите, бидејќи немаaт пари да си ја платат жетвата, ниту имаат каде да ја сместат новата реколта ориз, напомена Николовски