Македонија
26. January 2020 - 14:44

Николовска: Скандалот со хипер инфлација на лиценци за одгледување канабис зема се поголеми размери

Скандалот со хипер инфлација на лиценци за одгледување канабис зема се поголеми размери.

Денеска ќе откриеме уште една компанија која земала лиценца од Заеви, а чиј сопственик е познат финансиер на СДСМ.

Фирмата МАР МЕДИКА ДОО од Куманово е уште една компанија која Владата на Заеви им доделила лиценца за одгледување на канабис, а каде што е еден од управителите е лицето Бобан Спасовски од Куманово.

Бобан Спасовски инаку е сопственикот на ДЕЛУКС АУТО, фирма добро позната по донациите во СДСМ и по тендерите за набавка на автомобили со кои ги има монополизирано сите државни институции.

Да дообјасниме, во фирмата МАР МЕДИКА ДОО која добила лиценца од Владата на Заеви сопственици се два правни субјекти, од кои едниот е компанијата УПМ ГРУП Куманово, чиј сопственик е ДЕЛУКС АУТО од Куманово, а сопственик на ДЕЛУКС АУТО е Бобан Спасовски.

Бобан Спасовски и ДЕЛУКС АУТО се донатори во партијата на Заев, додека пак мора да напоменеме дека само во последнава година има земено 30-тина тендери од државата за набавка на автомобили.

Почитувани,

Дали СДСМ ги враќа долговите кон своите донатори со издавање лиценци за одгледување канабис или пак ги задолжува за наредните избори и кој е критериумот по кој токму финансиер и близок до СДСМ добил лиценца од државата.

Финансиерите на СДСМ земаат лиценци за одгледување канабис.

Целата хипер инфлација на лиценци за одгледување канабис треба и мора да биде предмет на ревизија за тоа дали сите компании ги исполнуваат условите за доделување на лиценци.

Одговорност после 12-ти април мора да има.

Предмет: Интегрален текст од прес конференција

Говорник: Ружица Николовска

Датум: 26.01.2020

Заев и СДСМ се виновни за она што се случува на државата.

Но она што е добро, е што никогаш повеќе нема да и се повторат на Македонија.

Прес конференција на Ружица Николовска