Николова: Буџетот за 2023 година има за цел да одговори на последиците од светската економска криза
Владата предводена од СДСМ го усвои Буџетот за 2023 година и тој сега се наоѓа во Собранието.
Буџетот за 2023 година е развоен и е одговор на последиците од светската економска криза.
Буџетот е со цел конечно да ја победиме кризата, да почнеме економски да растеме, да го зголемиме животниот стандард на сите наши граѓани
Следната година мора да биде и ќе биде подобра од оваа. Следната година е година на надеж и на економска пресвртница.
Таа пресвртница започнува токму со овој Буџет со кој обезбедуваме 250 милиони евра за дополнителни мерки за помош на граѓаните.
Пари се обезбедени и за нов раст на минималната плата и за пензиите.
Околу 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, за нови улици и патишта, за нови водоводи, за но градинки и училишта, за нови амбуланти и болници.
Тоа дополнително ќе го поттикне генералниот економски раст кој според проекциите на ЕБОР треба да биде на ниво на 2.3 отсто, што ќе биде многу подобро од нивото на државите од еврозоната.
Во овие десет месеци ја држевме цврсто економската линијата за борба против кризата,но веќе од следната година со новиот Буџет правиме економска офанзива
Правиме општествена промена, преку енергетската транзиција, нови странски директни инвестиции и силна поддршка за граѓаните и домашната економија.
Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за граѓани, со вистинска грижа за македонската економија, ја менуваме државата на подобро.
Пратеничка на СДСМ Даниела Николова
Ново на Сител
-
Шпанија освои бронза на ракометното СП 2023
-
Левица обвинува за уништување на Tиквешкото Eзеро
-
Четириесетгодишна скопјанка физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер
-
Со закани одземени пари од вработени во бензинска и обложувалница во Скопје
-
Грчки државјанин починал во казино во Гевгелија
-
Ливерпул испадна од ФА Купот откако прими гол во 90+2 минута против Брајтон
-
87 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
-
Детектор анкета: Граѓаните сметаат дека власта е најодговорна за економската криза во која што се наоѓа Македонија