Николов: Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување на пациенти во надворешни центри во втора фаза
Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување во надворешни центри во втора фаза, информираше денеска за МИА, доктор Игор Николов, контакт - лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.
Тој потврди дека има понуди од земји да третираат или за долгорочна рехабилитација да водат пациенти.
- Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака за редовни контроли. Во „Свети Наум Охридски“ има шестмина пациенти. Сите се стабилни, се очекува испис утре. На Токсикологија има двајца пациенти. И двајцата се стабилни. Во ГОБ „8 Септември“ нема пациенти во моментов, појасни Николов во изјава за МИА.
Шеесет и девет пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани сѐ уште се лекуваат во странство. Засега, нема планирано враќање на некој од нив во текот на денешниот ден.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера