Loading Video...
Фудбал
29. May 2019 - 13:45

Николов и Трајковски се приклучија на подготовките

 
 
Двете фудбалски македонски селекции ги одработуваат своите подготовки
 
Сениорската селекција се подготвува за евро-квалификациските дуели против Полска и Австрија. На утринскиот тренинг се приклучија и Бобан Николов и Александар Трајковски.
 
Се очекува селекторот Ангеловски во понеделник за кога е закажан и официјалниот старт на подготовките, за ги има на располагање сите повикани репрезентативци.
 
Дефанзивецот, Стефан Ристовски вели дека во овие квалификации македонската репрезентација има јасна цел, а тоа е да се бориме за висок пласман во групата.
 
-Ќе дадеме се од себе, иако знаеме дека ќе биде исклучително тешко против Полска која е најдобра репрезентација во нашата група. На нас е да се наметнеме, треба добро да се подготвиме, стручниот штаб работи на сите детали, го анализираме противникот и се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени. Добра, компактна одбрана ќе значи и подобар напад, противникот сигурно ќе биде подготвен на сѐ, но ние во овие квалификации имаме цел, а тоа е да се бориме за висок пласман и да се обидеме да освојуваме бодови против секој противник, изјави Стефан Ристовски.
 
Дуелите со Полска и Австрија, ќе се играат во Скопје на 7-ми и 10-ти јуни.
 

А, младата селекција до 21-година ќе одработи мини подготовки пред пријателскиот натпревар против Финска, кој ќе се игра кој ќе го одиграме во Трнава, Словачка на 6. Јуни, а кој ќе биде и последна контрола за избраниците на селекторот Благоја Милевски пред новиот циклус на квалификации. 

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски се соочува со проблеми во составот, откако поради повреда подготовките и контролната пресметка против Финска ќе ја пропуштат Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и Џемал Ибиши (Вардар). Тројцата денеска беа на доплнителни лекарски испитувања, а медицинскиот тим во репрезентацијата потврди дека не се во можност за настап за дуелот со финците. Предводникот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски во составот дополнително ќе вклучи фудбалер(и) од селекцијата до 19 години.

Милевски и неговиот стручен штаб ќе одредат 20. фудбалери кои ќе бидат во составот за натпреварот против Финска по одигрување на селективен меч на 2. јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.