Македонија
17. February 2021 - 15:48

Николоски: Заев ја избриша етничката припадност Македонец и затоа не сака во личните карти да стои Македонец, Македонка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на стопанственици од комплексот кај поранешната фабрика “Тетекс", околу проблемот со личните карти истакна дека суштината е многу едноставна, тоа е дека со Преспанскиот договор кој што Зоран Заев го потпиша со Грција, етничката припадност  Македонец е избришана, и со тоа Македонците не  можат да се декларираат како Македонци. Исто така околу изјавата на Заев за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ сака да води љубов со партнерот, а да не го прегрне Николоски рече дека не се работи ниту за случајност, ниту се работи за ниска интелигенција, се работи за стратегија. А, стратегијата е многу едноставна, тоа е да треска глупости на два-три дена со цел народот да не ја слуша суштината туку да ги слуша глупостите и да се занимава со глупостите, вели Николоски.

-Добро, знаеме Заев дека седат таму во Влада и смислуваат каква глупост да тресне дента, јас сум го кажал ова неколку пати, и не е случајно. Не се работи ниту за случајност, ниту се работи за ниска интелигенција, се работи за стратегија. А, стратегијата е многу едноставна, тоа е да треска глупости на два-три дена со цел народот да не ја слуша суштината туку да ги слуша глупостите и да се занимава со глупостите. И еве гледате, како што ме прашавте не е суштинското прашање зошто Зоран Заев не сака во личните карти да пишува Македонец, односно Македонка туку прашањето е глупостите кои што ги тресе. А, суштината е многу едноставна, тоа е дека со Преспанскиот договор кој што Зоран Заев го потпиша со Грција, етничката припадност  Македонец е избришана, и со тоа Македонците не  можат да се декларираат како Македонци, посочи Николоски.

Со овој закон, рече Николоски ВМРО-ДПМНЕ го извади на чисто проблемот, односно пред целата јавност покажа дека Зоран Заев преку своите формални и неформални партнери не дозволува да се изгласа закон со кој што во личните карти ќе може да пишува дека Александар Николоски, државјанство македонско,а етничка припадност Македонец.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ