Македонија
24. February 2021 - 15:23

Николоски: Власта уште еднаш докажа дека е во договор со криминалците во државата

Денеска сме тука во Неготино да се сретнеме со граѓаните како што кажа Стефан да дадеме поддршка на оваа акција за собирање на потписи за поништување на политичкиот Закон за попис кој што има за цел политички, а не статистички попис.

Би сакал да искоментирам дел од актуелните случувања во државата. Гледате дека за жал во Македонија владеењето на правото е на најниско ниво, имаме криминална банда на власт која што е во коалиција со одредени поранешни структури и гледаме дека ни приредија еден вистински циркус на Македонија во изминатите денови. Циркус во кој што видовме дека нема п од правна држава и дека нема воопшто владеење на правото туку дека има едни мафијашки карталски договори во кои што договори треба да се избегне системот на владеење на правото, па прво заеднички се договорија бегалецот од правдата да избега за после тоа да ги испреговараат неговите услови и да го вратат назад за да одглумат пред јавноста дека успеале да го вратат назад, а во суштина реагираа на она што се вика притисок од јавност и од опозицијата. Но, видовме повторно дека се работи за политички договор од причина што ниедна правна процедура не беше испочитувана од примање на решение до тоа дека видовме дека отиде дома, а не онаму каде што заслужуваат оние кои што се бегалци од правдата.

Добивам многу повици и вчера вечер и ова утро од луѓе кои што ја имаат напуштено Македонија кои што ми велат ова е основната причина зошто ја напуштивме Македонија, а тоа е дека нема владеење на правото и има криминална банда и криминална коалиција на власт, а за жал добивам и бројни повици и вчера вечер и утрово од луѓе кои што сакаат да ја напуштат Македонија од истата причина, тоа е од причина што велат дека имаме криминална банда и криминална коалиција на власт.

Би сакал да ги охрабрам и да ги повикам заедно да се избориме во оваа битка затоа што оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ е една чиста генерација, една генерација која што е надвор од овие криминално-политички договори, која што не е извалкана и која што има јасна, детерминирана волја да расчисти со криминалот и корупција на највисоко ниво и оваа криминална коалиција која што во моментот функционира во Македонија да оди онаму каде што и е местото, а тоа е во затвор.

Доаѓаат подобри времиња за Македонија преку рушење на оваа власт многу брзо и предвремени парламентарни избори. Затоа ги повикувам сите граѓани на Македонија да не поддржат во оваа битка, да останат во Македонија и заеднички да ја направиме Македонија поубаво место за живеење и да ја направиме место во која што ќе функционира правната држава.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на Неготино рече дека Владата, односно премиерот Зоран Заев нема стабилно парламентарно мнозинство.

Не гледам дека има стабилно парламентарно мнозинство. Го споделив тоа и со граѓаните на Неготино. За тоа говори фактот дека последен пат собраниска седница е одржана на 3 февруари, кажа Николоски.

Според потпретседателот Николоски дека нема Владата стабилно парламентарно мнозинство говори фактот што не може да се собере мнозинство за да се одржи собраниска сефница скоро цел месец.

Веќе четврта недела како не може да се одржи собраниска седница од причина што не можат да соберат кворум од 61 пратеник, рече Николоски.

Изјава на Александар Николоски, потпретседател и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ 

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ