Македонија
27. October 2021 - 14:35

Николоски: Пензионерите се загрижени за случувањата во земјава

 Пензионерите се загрижени за актуелните случувања во Македонија, нив ги мачат финаниски проблеми и владеење на правото, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Битола.

Николоски појасни дека пензионерите се загрижени и за пензиите кои што им се намалени за 1.000 денари заради лошата методологија на пресметка.

– Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ кога е на власт работи во интерес на пензионерите, кога е СДСМ на власт, пензиите се намалуваат. Кога е ВМРО-ДПМНЕ е на власт пензиите растат и во следниот период после промената на владата очекуваме пензиите повторно да растат. Со битолските пензионери разговаравме и за тоа што им е битно во Битола и за аспектите кои што им се битни во Битола, што може да направи новиот градоначалник Тони Коњановски за да им помогне. Очекувам позитивни рефлексии во следниот период, изјави Николоски за време на посетата на Битола.