Македонија
25. September 2018 - 22:14

Николоски: Очигледна е паниката кај СДСМ

Во рамки на теренските активности кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ поврзани со претстојниот референдум денес сме во Општините Центар и Сопиште. На средби со граѓаните каде што дискутираме околу актуелната состојба пред се поврзана со штетниот и капитулантски договор од Преспа за преименување на Македонија и македонскиот народ.

Она што го забележуваме е дека остануваат неколку впечатоци. Прво дека власта реши да дискутира за се освен за содржината на договорот. Второ дека бегаат од детална дебата за содржината на договорот, затоа што знаат дека немаат аргументи и дека нити е зачувано името на државата, нити е зачуван македонскиот национален идентитет. А, од друга страна немаме никакви гаранции за понатамошна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

Следната работа која што е факт е дека одбегнуваат да ги прикажат на јавноста уставните амандмани иако тие се суштината и срцето на договорот.

Следна работа која што ја забележуваме е дека се оди во акт на една нервоза и паника во последниве денови на силни притисоци кон луѓето, да излезат да гласаат онака како што власта очекува. Се прави притисок на јавната администрација, се прави и притисок на приватниот бизнис и тој притисок е се поочигледен и се поголем.

За среќа на Македонија наидува на силен отпор помеѓу граѓаните и последното навистина што загрижува се идеите да се направи фалсификат на самиот ден на гласање , затоа што Собранието не дозволи да има официјални набљудувачи од страна на политичките партии кои што би можеле да реагираат на евентуални неправилности. 
Но и тоа нема да помине имајќи предвид дека граѓаните се организираат да ги мониторираат и набљудуваат овој процес како што имаме информации преку разни здруженија на граѓани.

Но исто така ќе бидат будни и членовите на ВМРО-ДПМНЕ и секој евентуален потег или желба да се фалсификува волјата на граѓаните или да се намести самиот процес ќе наиде на силен и масовен отпор од страна на народот.

Така што ова се впечатоците кои што ги добиваме од средбите на терен остануваат уште нешто повеќе од два дена до самиот молк и пет дена до гласањето. Волјата е јасна, е забележителна, значаен дел од граѓаните се против договорот, најголем дел одлучуваат да остануваат дома и тоа е она што го очекуваме во недела.