Николоски: Нема проблем со керозин, имаме резерви за 90 дена, отворени се пет нови дестинации и покрај кризата

Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме пет нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, изјави вицепремиерот Александар Николоски.
- Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што прават снабдување од тука. Имаме резерви на керозин за 90 дена, законски е 60 дена, така што немама никаков проблем со снабдување, рече Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.
Дури во услови кога се најавуваат откажување на летови, ние во тек на месец јуни планираме пет нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром, додаде Николоски.
- Аустриа ерлајнс ќе почне да лета Виена до Охрид за прв пат. Визер ќе лета од Охрид до Краков и до Вроцлав и имаме две одлични туристички дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо- Сицилија, другата е Алгеро-Сардинија - истакна Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: За две години имаме исплатено една милијарда денари повеќе субвенции отколку претходната за три години
-

Лани изградени 3 733 станови, со просечна површина од 75 метри квадратни
-

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени
-

СДСМ: Власта донесе катастрофа во земјоделството
-

Од денеска специјална лента само за МТАГ
-

Моника Белучи: Не вреди убавината доколку нема талент за глума
-

САД и Иран постигнаа договор за крај на војната, нафтата падна под 84 долари
-

ЕУ го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија
