Македонија
27. January 2023 - 20:52

Николоски: Не можам да го препознаам Таравари

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва од студиото на ТВ21 кажа дека не може да го препознае лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Според него, тој познава еден друг Арбен Таравари којшто не е истиот што го гледа на интервјуа.

- Не знам што е причината, дали е за нешто уценет, дали има нешто што не го знаеме. Се спомнуваат многу работи во политичката чаршија но не би сакал да шпекулирам, вели Николоски.