Николоски: Македонија е единствената земја која не е членка на ЕУ, а која добива мигранти од земја-членка на ЕУ
Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Александар Николоски претседаваше со сесијата посветена на хуманитарниот и политичкиот одговор на мигрантската и бегалската криза со која се соочува Европа, предизвиците за земјите на транзит, како и итната потреба за вистински европски систем за азил на есенската сесија на ПССЕ која се одржува во Стразбур, Франција.
Дебатата предизвика најголем интерес меѓу пратениците од 47 земји-членки на Организацијата,.
На тематската дебата пратениците се фокусираа особено на потребата да се ревидираат политиките и прописите за азил во Европа и на предизвиците со кои се соочуваат земјите на транзит. Беше нагласено дека е неопходно да се ревидира, т.н. Регулатива од Даблин, според која државата одговорна за разгледување на барањето за азил е државата-членка преку која барателот на азил најпрво влегол во Европската унија. Системот од Даблин се покажа за неефикасен во ситуација на криза и создаде несразмерен товар на некои земји-членки на ЕУ.
Европската унија беше повикана да обезбеди кохерентност во целокупната политика на миграции, вклучувајќи унапредување и почитување на човековите права и избегнување ставање акцент само на граничната контрола и безбедност. Беше изразена загриженост поради континуираните, веродостојни извештаи за незаконски „враќања назад“ на мигрантите и бегалците и кршењата на нивните човекови права. Сите земји-членки на Советот на Европа беа повикани да се воздржат од таквите постапки.
Во името на најголемата политичката група застапена во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Николоски имаше можност да интервенира во дебатата за бегалската криза која ја става Европа пред уште еден тест на нејзиниот карактер, вредности и институционални капацитети.
Николоски информираше дека ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија е поспецифична имајќи предвид дека се соочува со притисок од илегални мигранти на својата јужна граница, која е практично надворешна граница на Европската унија. Тоа значи дека Република Македонија се соочува со криза која се прелева од земја-членка на Унијата, која е исто така член на Шенгенскиот договор. Поточно, соседната земја, Република Грција на организиран начин дневно превезува илјадници емигранти кон македонската граница. Тој ги нагласи и приоритетите на државата во овој контекст и тоа заштитата на животот и здравјето на мигрантите, и борбата против криумчарењето на мигрантите и трговијата со луѓе, заштита на националната и јавната безбедност, како и заштита на здравјето на луѓето.
Николоски потсети дека Собранието на Република Македонија го измени Законот за азил и привремена заштита, на тој начин, овозможувајќи им на мигрантите кои влегле во земјата да ја изразат намерата за барање азил, по што им се дава писмена потврда дека им се овозможува во рок од 72 часа да поднесат официјално барање за азил или да ја напуштат земјата. Николоски повика на заедничка европска солидарност и одговорност и распределба на бројот на пристигнати мигранти во сите земји на ЕУ. Тој истакна дека Македонија не е и не треба да биде жртва на неуспесите на ЕУ, главно од Грција, за да ги заштити надворешните граници на ЕУ и да се справи со миграцијата. На крајот потсети дека Република Македонија е единствената земја која не е членка на ЕУ, а која добива мигранти од земја-членка на ЕУ.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово