Балкан
21. April 2016 - 22:08

Николиќ ќе се кандидира и во 2017 година оти му бил потребен на Вучиќ

Претседателот на Србија Томислав Николиќ денеска изјави дека ќе се кандидира на претседателските избори следната година бидејќи и понатаму му е потребен на премиерот Александар Вучиќ.

- Мислам дека на Вучиќ му треба Николиќ, посочи претседателот и изрази уверување дека премиерот за три или четири години ќе може да владее и без неговата поддршка.

Николиќ наведе и дека до крајот на мандатот би можел да соработува и со некоја друга влада, но оти тоа би било „пекол за Србија“.