Кошарка
3. February 2017 - 16:35

Николиќ ги менува „Соколите“ за Партизан !?

 
Актуелниот тренер на Карпош Соколи, Срнинот, Драган Николиќ, неофицијално, по крајот на сезоната, би може да се пресели на клупата на Партизан, пишува денеска „Македонски спорт“. 
 
Според информацијата, сдколку се остварат неофицијалните најави дека Александар Џикиќ по завршувањето на сезонава ќе оди на работи во САД, а ќе ја прифати понудата и да биде селектор на националниот тим на Босна и Херцеговина, тогаш прв „пик“ за нов тренер на Партизан е Драган Николиќ, актуелниот шеф на стручниот штаб на Карпош Соколи. 
 
Според некои шпекулации, ова е веќе договорена работа, но за официјализација ќе се почека крајот на српското првенство.