Македонија
12. March 2019 - 8:33

Николчo Стоилков кандидат за градоначалник на Ново Село од ВМРО ДПМНЕ

Николчo Стоилков е кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на општина Ново Село на изборите кои треба да да се одржат на 21 април, заедно со претседателските.

Стоилков е актуелен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во Ново Село. Тој е на возраст од 34 години, дипломирал на Правниот факултет при УКИМ, вработен е во Царинската управа.

Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.

Завчера СДСМ објави дека кандидат на владеачката партија е Никола Андонов, поранешен градоначалник на Ново Село и познат стопанственик од селото Колешино.