Македонија
16. January 2019 - 19:07

Никола Војминовски, осуден за обид за убиство на Села побегнал од домашен притвор

Со домашна и меѓународна потерница полицијата ќе го бара Никола Војминовски, осуден за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април.

Кривичниот суд потврди дека Војминовски не бил пронајден на домашната адреса, каде требаше да ја чека правосилноста на 13-та годишната затворска казна изречена во јули минатата година.

Кривичниот суд денеска му изрече мерка 30 дневен притвор која ќе се активира по неговото пронаоѓање.

Војминовски беше и еден од сведоците во најголемиот судски процес за собраниските настани. За овој предмет, денеска пред Апелација и обвинетиот Мунир Пепиќ бараше да биде опфатен со амнестијата, за што неговиот адвокат тврди дека има многу аргументи за прифаќање на ова барање.

По одобрените амнестии за 27 април од вкупно 33ца обвинети, во судница сега останаа само 18 обвинети лица. За нив судењето ќе продолжи во понеделник во завршни зборови на одбраната и изменето обвинение.