Македонија
3. јуни 2016 - 20:05

Никола Тодоров на меѓународна конференција во Софија

Земјите од Централна и Југоисточна Европа заеднички да набавуваат скапи лекови. За оваа иницијатива во Софија разговараа министрите за здравство од државите од поширокиот регион. Планот е сите заедно да се организираат и за набавка на терапија за ретки болести. На овој начин цените би биле поевтини, а современите лекови  подостапни за пациентите.

На маргините на состанокот министерот за здарсвтво Никола Тодоров оствари билатерални средби со неговите колеги од Словачка, Хрватска и домаќинот Бугарија. Тие се интересирале за проектите проектите кои успешно се реализираат во Македонија како што се Мој Термин и патеката на движење на пациентите од примарно ниво до клиника.

Инаку попладнево на министерски состанок  сите ја подржаа декларацијата за заедничка набавка на скапа терапија.

На конференцијата во Бугарија присутни се министри, директори на Фондови и Агенции за лекови од 12 држави од Централна и Југоисточна европа. Договорено е секоја семја фа форм ира работна група и да се сретнат идниот месец во Букурешт каде ќе се прецизираат деталите за заедничката набавка на скапи лекови.