Живот
24. August 2016 - 11:07

Никола Тесла ги измислил дроновите уште во 19-ти век

Генијалниот ум, Никола Тесла верувал дека дроновите можат да помогнат да се воспостави мир во светот.

Уште во ноември 1898 година, бил создаден еден од патентите на Тесла, во кој говори за начинот на функционирањето и пошироката примена на беспилотните возила и летала.

Тој во  својот патент вели дека таквите „возила и пловила“ би можеле да се користат за пренос на писма и пратки, за воспоставување на комуникација, но и за истражување, извидување, па дури и за „убивање и фаќање на китови и други морски животни“.

tesla

За потсетување денес Амазон започна да испраќа пратки со помош на дронови.

-Најголемата вредност на мојот изум би бил неговото влијание на војувањето и вооружувањето. Поради сигурната и неограничена моќ на уништување, тој би донел преманентен мир меѓу нациите, смета големиот научник Никола Тесла.

Патентот за „метод и апаратура на управување на механизмите на движечките возила“, предвидувал и безжична комуникација.

tesla1

-Во поширока смисла мојот изум се разликува од сите други системи за контрола на механизмите кои што носат движечки објекти по тоа што нема да има потреба од никакви жици, кабли или друг вид на електрична или механичка поврзаност. Јас постигнувам слични резултати на попрактичен начин со користење на бранови, импулси или зрачења кои што се примаат преку земјата, водата или атмосферата, се додека објектот се наоѓа во домет на таквите бранови, импулси или зрачења, стои во патентот.